Вие имате прво да ја знаете вистината

Супербон со нокаут го “заспа” славниот Петросијан и се запиша во историјата: Вакво нешто одамна не е видено (видео)

Тоа беше одлична борба на познатиот турнир во боречки вештини, ONE First Strike, каде што, според многумина, се случи најдобриот нокаут во годината.

Познатиот кик боксер Џорџо Петросјан беше тешко поразен во борба со тајландскиот Супербон Банчамек.

Италијанскиот-ерменски борец влезе во борба за титулата до 70 килограми, со најдобар сооднос во историјата на кик боксот, од 100 победи и само два порази. Меѓутоа, тој го доживеа третиот пораз и тоа на брутален начин.

На почетокот на втората рунда од борбата, Супербон го погоди противникот со таканаречен удар high kick, го нокаутираше Петросијан и дефинитивно влезе во историјата на овој спорт.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!