Вие имате прво да ја знаете вистината

Тајна стара 27 години: Цеца никогаш не зборуваше за ова, а сега се појави фотографија како доказ

Светлана Цеца Ражнатовиќ сака да ги снима своите спотови за тие да изгледаат како мала филмска приказна. Такви имала безброј во кариерата, а многу интересна е приказната за снимањето на спотот за големиот хит на Цеца-Кукавица.

Во него, главната машка улога му беше доделена на Горан Андрејиќ, кој го доби прекарот Горан Кукавица токму поради оваа песна. Тоа што досега не беше откриено е дека улогата на девојката што ја изневерува со Цеца во видеото и припаѓаше на неговата вистинска девојка Татјана, со која се ожени една година по снимањето на видеото.

https://www.instagram.com/p/CN47dpeJQWH/?utm_source=ig_embed&ig_rid=dc4aa84b-913b-459c-92f2-0698c73b24d9

Имено, тие двајца се запознале на снимањето на спотот на Цеца, па дури и самата Цеца им била гостинка на венчавката каде што ја пеела песната Кукавица специјално за младенците.

На 7 мај 1994 година, се венчаше љубовникот на Цеца од Кукавица, со неговата девојка од спотот за истата песна, манекенката Татјана, а Цеца пееше на нивната венчавка, се наведува во описот на фотографијата од свадбата на Горан и неговата сопруга, на која се гледа и Цеца, а која кружи по социјалните мрежи.

За жал, парот се разведе по само неколку години брак, но и покрај фактот дека љубовта изумре, нивната приказна никого не остава рамнодушен.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!