Вие имате прво да ја знаете вистината

Ужас во Албанија, руски туристи се загушиле во хотел, пиеле пиво а потоа отишле во сауна

Телата на четворица руски државјани се пронајдени во сауна во хотел во Албанија, а причина за смртта е задушување, пишуваше утрово Албаниан дејли њуз дневен, повикувајќи се на полицијата.

Според полицијата, телата на четири лица, државјани на Русија, биле пронајдени во сауна во хотел во селото Керет, во областа Каваја, и сите се задушиле.

Според полициските информации, жртвите се двајца мажи и две жени на возраст од 31 до 60 години.

Откриени се нови детали за смртта на 4 руски туристи пронајдени мртви во сауна во албански хотел.

Претходно, се дозна дека туристите пиеле пиво во нивната соба, но сомнежот за наркотици не беше исклучен.

Извори за весникот Шќип велат дека туристите се предозирале со дрога, а истрагата дополнително ќе појасни каква дрога консумирале и во која количина. Нивните тела веќе се испратени во мртовечница, каде што ќе бидат подложени на форензичко испитување, кое ќе ја утврди конечната верзија, пишува белградски Курир и додава:

Во Керет, во сауната во хотелот, руските државјани, на возраст од 31 до 60 години, се осомничени дека починале како резултат на тоа. Истражен тим предводен од обвинителството е на местото на настанот и работи на целосно расветлување на околностите на овој случај, се вели во соопштението на полицијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!