Вие имате прво да ја знаете вистината

Крвава ноќ во Тексас! Пукање во Хјустон, нападната е полицијата и има мртви (видео)

На тројца полицајци беа пукано рано утрово додека одработуваа дополнителна смена во бар во Хјустон, при што еден од нив загина, а двајца беа повредени, објавија властите во Тексас. Властите уапсија едно лице, но се уште го бараат машкото лице за кое се верува дека пукало, изјави за новинарите извршниот помошник на началникот на полицијата во Хјустон, Џејмс Џонс, пренесе АП.

Полицијајците од округот Харис работеле во барот Норд Лаунџ 45 и реагирале на проблемот пред барот околу 2:15 часот наутро, рече Џонс. Додека тие се обидуваа да уапсат едно лице, друго лице со пушка пукаше кон нив, рече тој, повикувајќи се на прелиминарни информации од местото на настанот.

Еден полицаец беше застрелан во грбот, а друг во ногата, рече Марк Херман, полицаец од округот Харис 4, додавајќи дека трет полицаец бил прогласен за мртов во болница.

https://www.youtube.com/watch?v=03lAzLe-vak

Не е јасно дали полицајците возвратиле на огнот, рече Џонс. Тој додаде дека полицијата во Хјустон се уште води истрага, но дека властите веруваат дека тоа можеби е грабеж што го спречила полицијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!