Една стара поговорка вели дека мажите се како вино – колку е постаро, толку подобро. Некои актери и музичари постари од 60 години ја потврдуваат оваа изрека.
За некои од овие мажи, тешко е да се поверува дека имаат над 60 години, но за некои од нив, многумина веруваат дека станале уште позгодни и пошармантни со возраста.

- Брус Вилис
Тешко е да се поверува дека актерот Брус Вилис го прослави својот 65 -ти роденден во март.
Неговото патување до срцата на обожавателите ширум светот започна во 1984 година, кога доби улога во популарната американска серија Moonlighting, а неговата светска слава може да се припише на неговата улога во акциониот филмски серијал Умри машки.
- Брус Спрингстин
И Брус Спрингстин се приклучи на клубот на атрактивни славни мажи постари од 70 години. Познатиот американски музичар го прослави својот 71 -ви роденден на 23 септември, но и понатаму жените го обожаваат.
- Пирс Броснан
Во мај наполни 68 години, но се чини дека неговиот шарм и привлечност растат со возраста. Најпознат е по улогите како Џејмс Бонд, а ирскиот актер беше во брак двапати, има пет деца и три внуци.
- Кевин Костнер
Благодарение на Ричард Бартон, тој се посвети посериозно на актерството, што го советуваше да го направи она што навистина го сака, и ако тоа е глума, нека стане актер. Во Холивуд, тој прво работел како возач на камион и автобус кој ги превезувал филмските sвезди дома. Во јануари ќе наполни 67 години.
- Ричард Гир
Верувале или не, славниот актер во август наполни 72 години. Многу се пишуваше за него минатата година и кога го доби третиот син, две години откако доби уште еден син со Алехандра Силва.
- Кевин Бејкон
Многу припаднички на понежниот пол веруваат дека старата изрека дека мажите се поубави со годините најдобро се гледа во примерот на 63-годишен актер и дека тој сега за многумина е попривлечен отколку во хит филмот „Footloose“.