Вие имате прво да ја знаете вистината

Перис Фјури си ја отвори душата: Јас и Тајсон два пати ги имаме изгубено бебињата, бевме уништени

Светскиот шампион на ВБЦ, Тајсон Фјури со сопругата Перис има шест деца и честопати во изјавите вели дека е горд на своето семејство.

Сепак, не изгледаше се толку убаво во првите години од бракот на овој пар кој доживеа две семејни трагедии.

Перис и ја отвори душата и призна дека таа и нејзиниот сопруг двапати изгубиле дете.

Знам дека кога луѓето го гледаат нашето големо семејство, мислат дека не треба да работиме напорно за да имаме деца. За жал, загубивме две бебиња, што беше катастрофално за нас и затоа знам како е за сите што тоа го доживеале. Никогаш нема да го надминам, но за среќа го имав Тајсон и остатокот од моето семејство кои беа со мене, откри Перис за британските медиуми.

Го загубија првото дете во 2014 година, а другото на денот на борбата помеѓу Фјури и Албанецот Сефер Сефери во 2018 година.

Бев во осмата недела од бременоста, а потоа го загубив бебето на денот на борбата. Тоа не му го кажав на Тајсон пред борбата. Меѓутоа, штом заврши борбата, веднаш му кажав. Следниот ден отидовме во болница каде што ни беше потврдено. Пет недели подоцна, повторно забременив, рече Фјури.

Тајсон Фјури ја одбрани титулата светски шампион во тешка категорија минатата недела и го задржа појасот на ВБЦ со тоа што го нокаутира 35-годишниот Американец Деонтеј Вајлдер во 11-то коло.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!