Вие имате прво да ја знаете вистината

Русија ги прекинува дипломатските односи со НАТО, дали се враќаме во периодот на студената војна!?

Русија донесе одлука за прекин на дипломатските односи со НАТО од ноември, објави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува РТ.

Лавров рече дека Москва, од 1 ноември, како одговор на укинувањето на акредитациите за осум соработници на руската мисија во Алијансата, ја прекинува работата на својата постојана мисија во НАТО, како и главниот воен претставник.

Покрај тоа, од 1 ноември, Русија ја прекинува работата на воената мисија на НАТО за комуникации во Русија, а акредитациите на претставниците на Алијансата се одземаат.

Треба да се потсети дека НАТО протера осум членови на руската мисија во Алијансата на почетокот на октомври, наведувајќи дека работеле тајно како разузнавачки агенти. НАТО потоа го намали бројот на позиции за кои Русија може да ги акредитира своите претставници во Алијансата, од 20 на десет.

Не е дадено јасно објаснување за одлуката, која стапува на сила на крајот на месецот.

НАТО денеска објави дека ги примил на знаење коментарите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за прекин на комуникациите со Северноатлантската алијанса.

Сепак, од Брисел додаваат дека не добиле официјално писмо за затворање на руската дипломатска мисија во седиштето на НАТО.

Ги забележавме коментарите на Лавров преку печатот, но досега не добивме ништо официјално за прашањето што го покрена, рече портпаролот на НАТО, пренесува Ројтерс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!