Вие имате прво да ја знаете вистината

Златен стек од 750 евра: Новиот ресторан на Нусрет критикуван за високи цени, за една вечера треба да продадеш еден бубрег (фото)

Познатиот турски готвач Нусрет Гокче неодамна отвори ресторан во Лондон, а кратко потоа беше тема на социјалните мрежи бидејќи цените во овој ресторан се превисоки.

Еден од посетителите на ресторанот сподели фотографија од сметката со јасно видливи цени на пијалоците и храната во ресторанот.

На пример, две кока коли чинат 21 евро, додека четири ред була 52 евра. „Златниот стек“ во ресторанот на Нусрет чини речиси 750 евра.

Незадоволните посетители напишаа дека јадат многу подобро месо за помалку пари, и дека не се задоволни од атмосферата и услугата во ресторанот на Нусрет.

Некои корисници отворено ги искритикуваа Нусрет и неговиот тим за бришење негативни коментари на оваа платформа. Сепак, славниот готвач не одговори на прозивката.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!