Вие имате прво да ја знаете вистината

Го имате овој приврзок, а не знаете што всушност значи? Еве каква тајна се крие зад овој син камен

Многу често во куќите, во возилата, на облеката на многу луѓе се гледа еден интересен симбол – Фатмино или турско око.

Според исламската традиција, ќерката на Мухамед, Фатима му подари на својот вереник парче сино стакло, и благодарение на оваа амајлија, тој успешно го заврши своето патување совладувајќи ги сите можни и невозможни пречки. Оваа едноставна приказна може да се прочита практично насекаде. Ова верување не е ограничено само на Турција.

Напротив, се верува дека легендата потекнува од периодот на древниот Египет и Месопотамија, па затоа не е чудно што овој симбол може да се најде во многу домови низ Сирија, Иран, Либан, Ирак, Авганистан и Азербејџан. Исто така, сувенирите познати по своите концентрични кругови не мора да бидат само сини, но можете да најдете примери во бела, црна или златна боја.

Луѓето го закачуваат на вратите од куќите и канцелариите, го ставаат на облека за возрасни, деца и бремени жени. И сето тоа со една цел – да се бориме против магиите, на турски начин.

Се верува дека турското око има моќ да ги одбие сите негативни вибрации и мисли од вас, односно да ги фати, а потоа да ги растера.

Тајната е во синиот камен што се користи за правење на овие талисмани на среќата, а составен е од идеална комбинација од веќе споменатите стопено стакло, бакар, железо, вода и сол. Оваа интересна комбинација на метали и минерали навистина делува како моќен штит против магии!

Ако се случи во борбата против негативната енергија назарот да се скрши или да се оштети на некој друг начин – најдобро е да го замените со ново парче на време за да може сепак да ве заштити непречено!

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!