Вие имате прво да ја знаете вистината

Даваше голови од гол на гол, му беше капитен на Пикси, со Вардар играше на “живот и смрт”, почина легендата на југословенскиот фудбал (видео)

Легендата на југословенскиот фудбал, Драган Пантелиќ (69) почина утрово од ковид во Универзитетскиот клинички центар Ниш, дознава белградски Курир.

Познатиот голман, кој бранеше поголем дел од својата кариера за Раднички од Ниш, ја загуби битката за животот утрово во 7.20 часот, дознава Курир.

Во вторникот наутро, неговата состојба се влоши, тој беше поврзан со респиратор, но, за жал, почина утрово.

Легендарниот голман кариерата ја започна во Лешница, а бранеше и за Графичар, Бордо Тимок и репрезентацијата на Југославија.

Откако ја заврши кариерата, Драган Пантелиќ беше претседател на Раднички, а работеше и како инструктор во Фудбалскиот сојуз на Србија.

Пантелиќ е роден на 9 декември 1951 година во Лозница.

Во тие 20-на години колку што траеше неговата фудбалска кариера, тој одигра 529 натпревари на клупско ниво и уште 19 во дресот на поранешна СФРЈ.

Тоа што го издвојува од останатите голмани, е неговото шутирање пенали кога од шала им ги тресеше мрежите на неговите колеги на спротивната страна. Тој постигна вкупно 29 гола, а во една прилика дури и хет-трик за Раднички против Челик.

Голот што го направи славен и кој веројатно ќе се памети засекогаш, беше постигнат против Вележ во 1980 година, кога популарниот Панта даде гол шутирајќи од својот “шестнаесетник” и го совлада, исто така репрезентативниот голман, Енвер Мариќ.

Со Раднички од Ниш играше многу напревари да се биде или не со скопски Вардар.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!