Вие имате прво да ја знаете вистината

Една од најубавите девојки во светот заврши на итна хирургија, тројца гинеколози не можеа да и помогнат (фото)

Манекенката Тајлан Блондо (20), која светските медиуми ја прогласија за најубава девојка на светот како шестгодишно дете, ги загрижи своите следбеници на Инстаграм со последниот пост.

Блондо објави серија фотографии од болницата и објасни во описот зошто завршила таму.

Пред една година, откако и пукна циста на јајниците, заврши на итна операција. По неколку месеци, таа почна да чувствува силни болки во стомакот.


Не бев сигурна дали ќе го објавам ова, но, тука сме. На почеток, сите, вклучувајќи ме и мене, мислеа дека имам болки поради операција. Оваа година посетив три различни гинеколози, отидов на преглед во повеќе од четири радиолошки центри во Париз, и сите ми го кажаа истото: Не грижи се, нема ништо во стомакот. Се е во твојата глава, напиша таа на својата Инстаграм објава.

https://www.instagram.com/p/CVIzqL9sMJG/?utm_source=ig_web_copy_link

Меѓутоа, таа завршила во Ургентниот центар пред четири дена.

Стомакот ме болеше толку многу што не можев повеќе да издржам. Ме прегледаа и ми рекоа дека се е во ред, дека има мал израсток и дека морам да одам на контрола за два до три месеци. Еден ден потоа имав преглед кај неверојатниот д -р Оливие Кадоча, кој ме прегледа, виде дека цистата има големина од 5,6 сантиметри и ги допира моите јајници, поради што ме испрати на магнетски преглед, а еден час подоцна ми се јави и ми кажа веднаш да одам во болница за итна операција. Среќна сум што сум упорна, напиша таа на својот Инстаграм пост, порачувајќи им на сите да се грижат за своето здравје и да бидат упорни ако сметаат дека нешто не е во ред.

https://www.instagram.com/p/CR16h6Osysr/?utm_source=ig_web_copy_link

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!