Вие имате прво да ја знаете вистината

ФБИ УДРИ ПО ОЛИГАРХОТ НА ПУТИН: Агенти упаднаа во куќата на Олег Дерипаска во Вашингтон (видео)

ФБИ упадна во палатата во Вашингтон, која му припаѓа на рускиот олигарх Олег Дерипаска, потврди агенцијата во вторникот.

Милијардерот Дерипаска е познат по врските со рускиот претседател Владимир Путин, како и по претходните деловни врски со поранешниот менаџер на кампањата на Трамп, Пол Манафорт и британскиот поранешен агент Кристофер Стил.

Вршиме активности за спроведување на законот на локацијата во Вашингтон , рече портпаролот на ФБИ за Washington Examiner, повикувајќи се на адресата на куќата вредна 15 милиони долари, за која се верува дека е во сопственост на Дерипаска.

Компанијата во негова сопственост учествуваше на тендерот за РТБ Бор во Србија, како и разни други зделки во Црна Гора, но не се откажа поради промената на условите како што беше наведено.

Неговата друга компанија беше сопственик на фабриката за алуминиум во Подгорица. Дерипаска, преку своите компании, управуваше со КАП и рудници за боксит Никшиќ од 2005 до 2009 година врз основа на мнозинска сопственост, а оттогаш до воведување стечај во 2013 година, и со 29,36 проценти од акциите во сопственост на Владата, врз основа на Договор за порамнување со кој црногорската влада му препушти да ги управува.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!