Вие имате прво да ја знаете вистината

Јас сум резултат на силување, мајка ми никогаш не ми кажа кој е мојот татко. Познатата мисица ја си ја отвори душата

Валери Гато, мис на Пенсилванија во 2014 година, во јавноста ја откри болната страна на нејзинот приватниот живот.

Валери беше гостинка во една емисија, откри дека е родена како резултат на силување, бидејќи нејзината мајка била нападната со нож од непознат маж кој и го извршил ова грозоморно злосторство.

Кога ќе се родиш како резултат на силување, не знаеш кој е татко ти, не знаеш дали некогаш ќе го пронајдат, повеќето луѓе ова би го сметале за несреќна ситуација. Пораснав со мајка ми и нејзините родители. Тие никогаш не ме гледаа како нешто погрешно. Имам семејство кое ми дава многу љубов и поддршка и што ми кажуваа дека можам да бидам еден ден и претседател на Соединетите држави – изјави Валери и додаде дека како мала често и поставувала прашања на мајка си за нејзиниот татко, но никогаш не добивала одговор.

Кога била малку постара, нејзината мајка и објаснила дека никогаш нема да открие кој е нејзиниот татко, бидејќи тој човек ја нападнал и ја силувал:

Мислам дека тоа се случува со причина. Сакам да им кажам на луѓето дека се е можно и дека не смеете да дозволите негативни околности да ви го дефинираат животот – рече мисицата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!