Вие имате прво да ја знаете вистината

Вакцината Фајзер е 93 отсто ефикасна во спречувањето на хоспитализација кај младите луѓе

Вакцината Pfizer/BioNTek против коронавирус е 93 отсто ефикасна во спречувањето на хоспитализација кај млади луѓе на возраст од 12 до 18 години, според анализите објавени денеска од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Студијата беше спроведена во периодот од јуни месец до септември, кога беше присутна крајно заразна мутација на коронавирусот т.е. делта сојот, пренесува Ројтерс.

Меѓутоа, како што е наведено, податоците од 19 педијатриски болници покажаа дека меѓу 179 пациенти хоспитализирани од коронавирус, речиси 97 отсто биле невакцинирани, што е уште една потврда за ефикасноста на вакцината.

Извештајот на ЦДЦ се базира на студии спроведени од компанијата за овие возрасни групи, кои покажаа висок имунолошки одговор на коронавирусот, но кои не беа дизајнирани да покажат ефикасност против хоспитализација.

Вакцината Pfizer/BioNTek е одобрена за употреба кај деца на возраст од 12 години, а компанијата бара одобрување на вакцината за употреба кај деца на возраст од пет години.

Се очекува дека на панелот со експерти од Администрацијата за храна и лекови на САД ќе се разгледаат податоците за употребата на оваа вакцина кај мали деца подоцна овој месец.

Податоците за ЦДЦ ја зајакнуваат важноста на вакцинацијата за заштита на американската младина од коронавирус, изјави авторот на оваа студија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!