Вие имате прво да ја знаете вистината

ЦИА во големи проблеми! Десетици агенти биле откриени, убиени или заробени, издадено е итно предупредување

Предупредување од контраразузнавањето за сите станици и бази на ЦИА дека се откриени загрижувачки голем број нивни соработници.

Десетици шпиони кои работеле за ЦИА се убиени, уапсени или разоткриени ширум светот, објави Њујорк Тајмс, повикувајќи се на добро упатени извори!

Тоа што претставува дополнителен проблем за оперативците е развојот на вештачката интелигенција. Биометриското скенирање, софтверот за препознавање лица и другите високотехнолошки алатки им олеснуваат на разузнавачките служби на други земји да ги следат и откриваат оперативците на ЦИА распоредени во нивните држави.

Тоа е причината зошто нивните состаноци со доушниците станаа многу поризични.

Токму тоа е причината зошто контраразузнавањето испрати предупредувачко писмо до сите станици и бази на ЦИА минатата недела, за да ги предупреди на опасноста.

Идентификувани се неколку проблеми што доведуваат до откривање на агенти на ЦИА, а меѓу нив се пребрзиот процес на регрутирање, премногу доверба во изворите и незаслужено напредување во службата.

Овие елементи треба да се сменат бидејќи тоа е мисија што е од клучно значење за безбедноста.

ЦИА се смета за најдобра светска агенција за собирање и анализа на податоци. Затоа е вообичаена практика да се напредува во ЦИА со ангажирање добри доушници.

Еден дел од меморандумот посочува дека агентите што регрутираат доушници честопати се унапредуваат, без оглед дали тој доушник подоцна се покажал како корисен извор на информации или не.

На крајот на денот, никој нема да одговара за она што ќе се случи со доушникот. Понекогаш се случуваат работи кои се целосно надвор од контрола, но честопати станува збор за негрижа и пропусти на луѓе кои се на високи позиции, и кои никогаш не се одговорни за своите постапки – вели Даглас Лондон, поранешен соработник на ЦИА.

Извори на Њујорк Тајмс пренесуваат дека губењето на доушници е сосема нормална работа во светот на шпионажата, но дека нивниот број и брзината со која се случува се загрижувачки.

Загрижува и фактот што целиот случај стигна во јавноста, односно дека проблемот е откриен.

Предупредувањето за откривање агент е наменето за оперативците од првата линија, како и за оние кои се директно вклучени во регрутирање на доушници. Воведувањето на засилени безбедносни мерки и управувањето со доушниците се итни.

Исто така, се препорачува да се засили процесот на проверка на доушниците и да се фокусира на избегнување странски разузнавачки служби со цел да се спречи регрутирање двојни агенти.

Ова особено се однесува на земји како што се Иран, Русија и Кина, каде домашните разузнавачки агенции регрутираа и ангажираа доушници на ЦИА како двојни агенти.

Во извештајот од 2013 година се наведува дека ЦИА има пет приоритети, и тоа: борба против тероризмот, спречување на ширење нуклеарно оружје и оружје за масовно уништување, информирање на политичките лидери за важни настани во странство, контраразузнавање и сајбер -разузнавање.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!