Вие имате прво да ја знаете вистината

Одекна како бомба! Сега дефинитивно се знае дали Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралијан опен!?

Прашањето кое е топ тема во сите светски медиуми е дали Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен?

Речиси од час во час пристигнуваат нови информации, а последниот во низата кој зборува на оваа тема е тенискиот тренер Роџер Рашид, кој фрли ново светло на целиот случај.

Додека организаторите дадоа до знаење дека никој што не е вакциниран нема да може да игра во Мелбурн, дури ни Новак Ѓоковиќ, Рашид е убеден дека најдобриот тенисер во светот ќе го видиме на првиот грен слем во новата сезонава.

Мислам дека Новак ќе биде тука во јануари. Дотогаш ќе го достигнеме потребниот број вакцинирани, ситуацијата ќе се промени во текот на следните неколку недели. Се поблиску сме до отворање на сите места и ситуацијата ќе биде поинаква до крајот на годината, изјави Рашид за SEN Sportsday.

Ѓоковиќ има огромен мотив, бидејќи може да освои својот рекорден 21. грен слем во Австралија.

Новак веројатно го интересира што ќе се случи на крајот на декември, бидејќи условите овде диктираат како да се влезе во Австралија. Тој сака да го сруши само рекордот, би било одлично за нас да бидеме во Австралија и сакаме тој да го собори тој рекорд овде. Тоа е нешто што ќе се истакне во светот на спортот и ќе се запише во историјата, додаде во својата изјава Рашид.

Австралија опен е на програмата од 17 до 30 јануари 2022 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!