Вие имате прво да ја знаете вистината

Џони Деп доцнеше на журката бидејќи заспал, по промоцијата беше два часа затворен во апартманот, џабе го чекаа на коктелот (фото)

Џони Деп помина два дена во Белград, а повеќето од времето поминато во престолнината на нашиот сосед го користел за одмарање и спиење. Имено, холивудската супер-ѕвезда одмори многу, па, како што наведуваат изворите, тој тоа го направил и на аеродром Никола Тесла во ВИП салонот, но и веднаш по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Поради спиење тој доцнел и на коктел забавата организирана по повод првиот анимиран филм снимен во Белград.

Според белградските медиуми по гостувањето на познатиот актер кај претседателот Вучиќ, тој отишол директно во апартманот на луксузниот хотел, каде што веднаш заспал!

Се чинеше дека Деп е толку уморен од патувањето и бројните активности што ги имаше претходните денови во Рим, што очајно му требаше одмор. Според белградските медиуми, иако било договорено тој да го напушти хотелот, каде што се одржа промоцијата, во 18:45 часот, неговите соработници едвај го разбудиле еден час подоцна, па тој пристигнал на гала вечерта во 20 часот, додека премиерката Ана Брнабиќ, рускиот амбасадор Александар Боцан-Харченко, останатите актери и други гости пристигнаа на време, многу пред главната ѕвезда на вечерта да дојде.

Откако пристигна и се фотографираше со високи гости и функционери, меѓу кои и еден од домаќините, Милош Биковиќ, тој седна на своето место во првиот ред и со ентузијазам ги слушаше најавите за новите анимирани серии во Србија, и гордо наздравуваше со чаша скапо шампањско.

Тој седеше до партнерката на српската премиерка, Милица Ѓурчиќ, според која холивудскиот актер не го криеше  својот ентузијазам.

Патем, иако се зборуваше дека Биковиќ неколку пати има можност да се сретне со Деп, како еден од главните соработници на овој проект, тие се сретнаа дури вчера, пред средбата со претседателот на Србија. Самиот Милош го призна ова, додека трпеливо чекаше да се појави тој на промоцијата.

Денеска имав задоволство да се сретнам со него и да поразговараме на повеќе теми. Тој е пријатен човек и неверојатно скромен. Немам план Деп да ми помогне да го освојам Холивуд, но можно е тоа да се случи. Разговаравме за соработка во рамките на ова сега што го работиме. Тој веќе доволно добро зборува српски. Не успеав да го прашам дали гледал некој мој филм, изјави Биковиќ за белградски Курир.

Откако заврши официјалниот дел од промоцијата, на кој актерот одржа говор, Деп љубезно се фотографираше со многубројните фанови, но овој пат не ја проба сливовата српска ракија. Иако беше одлично расположен, тој не отиде веднаш на коктел забавата што беше подготвена во негова чест, на која присуствуваа сите оние кои дојдоа на промоцијата. Имено, Деп отишол во апартманот и не излегол два часа, иако многумина се надевале дека повторно ќе го видат на кратко и ќе разговараат со него.

Тој се појави на коктелот подоцна, кога скоро сите ја напуштија забавата и рецепцијата.

Набргу потоа Деп се упатил кон хотелот повторно да се одмори и да се подготви за патувањето кое го чекало вечерта.

На промоцијата и коктелот присуствуваа и бројни личности од политичкиот свет, како што се српската премиерка Ана Брнабиќ и нејзината партнерка, министерот за финансии Синиша Мали, министерката за култура Маја Гојковиќ, модната дизајнерка Сузана Периќ и многу други звучни имиња…

Освен Биковиќ, кој работеше на проектот на анимираната серија, на коктелот присуствуваа и бројни актери: Нина Јанковиќ, Ања Алаш, Миодраг Радоњиќ, Милош Аврамовиќ, Гордан Кичиќ, Анѓелка Прпиќ и Слобода Мичаловиќ, кои дојдоа во друштво на Вук Костиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!