Вие имате прво да ја знаете вистината

Објавена големата прогноза за зимата: Што ја чека Македонија? Многу влажни периоди и поплави!?

Синоптичарите на AccuWeather објавија голема прогноза за зимата 2021 година, а како што најавуваат зимата на Балканот ќе биде релативно блага.

Зимата што доаѓа во јужниот дел на Европа ќе потсетува многу на зимата од минатата година, нагласуваат метеоролозите.

Се предвидуваат бури и силен ветер низ Шпанија и јужна Франција, како и бројни временски промени.

Некои од најсилните бури најверојатно ќе се случат некаде на југот на Франција, Шпанија или Португалија оваа зима, предупреди метеорологот Тајлер Роис.

Дури и без бурни ветрови, другите делови на јужна Европа се соочуваат со влажна зима. Оваа зима, се предвидува обилна влага да пристигне од Медитеранот до Италија, Балканот и поголемиот дел од Турција. Според метеорологот Алан Реперт, во овие области се очекува бура по бура поради овој постојан проток на влага.

Дури и умерени количества на врнежи може да резултираат со надојдените реки да стигнат до точка на пробивање, што може да предизвика значителни поплави, предупредуваат метеоролозите.

Се очекува температурите во поголемиот дел од јужна Европа да останат просечни. Но, температурите во делови од Италија, Грција и Балканот, како и Македонија, понекогаш може да се искачат над нормалното, најавуваат метеоролозите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!