Вие имате прво да ја знаете вистината

Подметнувале шумски пожари, ги осудија на смртна казна, денес се погубени 24 лица во Сирија

Во Сирија денеска беа погубени 24 лица за подметнување шумски пожари во кои минатата година загинаа три лица, а илјадници хектари шуми беа изгорени.

Министерството за правда соопшти дека станува збор за „криминалци кои извршиле терористички напади, убивајќи неколку луѓе и оштетувајќи ја инфраструктурата и јавниот имот“, пишува АП.

Во октомври 2020 година, шумски пожари избија во неколку земји на Блискиот Исток за време на силен топлотен бран, особено ја зафатија Сирија.

Три лица загинаа во земјата за време на пожарите, а во родниот град на претседателот Башар ал Асад, Кардаху, оштетена е зградата каде државната тутунска компанија има складиште.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!