Вие имате прво да ја знаете вистината

Последен самит на ЕУ на Ангела Меркел: Сиктер кафе во Брисел или кафе со шлаг за канцеларката

Лидерите на ЕУ-27 ќе се соберат денес и утре во Брисел на редовниот октомвриски самит на шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ.

За време на дводневниот самит, лидерите на ЕУ ќе разговараат за растот на цената на енергијата, забразувањето на вакцинацијата против Ковид-19 во Европа, владеењето на правото во Полска, односите на ЕУ со партнерите од Истокот, зајакнување на улогата на ЕУ во меѓународната трговска сцена, како и прашањето со миграцијата и политика за азил.

Пред самиот почеток на овој самит во Брисел се шпекулира дека тоа ќе биде 107-ти а најверојатно и последен самит на кој Германија ќе ја претставува канцеларката во заминување, Ангела Меркел.

Самитот на лидерите на ЕУ започна денеска во 15 часот со работна сесија посветена на сегашното зголемување на цените на енергијата, што е предизвик за пост-пандемиското закрепнување и сериозно ги засега европските граѓани како и големите компании.

Меѓутоа, ќе разгледуваме што може да се направи на ниво на ЕУ, но и на национално ниво, и во прилог на краткорочно олеснување за најранливите категории граѓани, како и за среднорочни и долгорочни мерки за помош, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Во писмото во кое стои поканата до лидерите на ЕУ, Мишел посочи дека пандемијата со ковид-19 се уште не е завршена и дека бројките се зголемуваат во неколку земји-членки.

Вакцинацијата постигна значителен напредок во борбата против Ковид-19, но треба да се направи повеќе, особено во однос на двоумењето за вакцинација и дезинформациите кои кружат, додава во својата изјава Мишел.

Европскиот совет наведува дека за време на првата работна сесија ќе се разговара за конфликтот помеѓу Брисел и Варшава и за владеењето на правото, тема што неколку лидери на ЕУ најавија дека ќе ја покренат на заедничка средба со полскиот премиер Матеуш Моравјецки и претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лејен.

За време на работната вечера, лидерите на ЕУ ќе имаат стратешка дискусија за трговијата како „најефективниот инструмент за ширење на влијанието на ЕУ на глобално ниво“.

За време на вечерата, тие исто така ќе разговараат за подготовките за претстојните самити кои се однесуваат за климатските промени, но и како да се постигне амбициозен глобален одговор на прашањето за климатските промени.

Во петок ќе се навратиме на темата миграција, со цел да ги следиме спроведувањата од јунските заклучоци на Европскиот совет за надворешната димензија на миграцијата, особено кога станува збор за финансирањето. Нашите надворешни граници мора да бидат ефективно контролирани. Исто така, треба да ги продолжиме напорите за намалување на овие трендови, стоеше во писмото до лидерите на ЕУ од страна на Мишел.

Октомврискиот самит на ЕУ завршува во петок со панел дискусија за европската дигитална трансформација, која, според Европскиот совет, е клучен двигател на економскиот раст, создавање на нови работни места и конкуренцијата која сама по себе се создава.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!