Вие имате прво да ја знаете вистината

Следува апсолутен колапс, фирми ќе пропаѓаат како зрели крушки, Лондон се плаши од “ладна”зима

Британскиот енергетски пазар се соочува со „апсолутен масакр“, пренесува Ројтерс.

Тоа би можело да доведе до банкрот најмалку 20 добавувачи само во следниот месец, освен ако владата не ја преиспита горната граница на цените на енергијата, изјави извршниот директор на Scottish Power, Кит Андерсон.

Цените на природниот гас скокнаа оваа година, откако повторно се отворија економиите по блокадите предизвикани од ковид 19, а високата побарувачка за течен природен гас во Азија ги намали испораките за Европа, погодувајќи ги индустриите зависни од електрична енергија.

Околу 13 добавувачи од Обединетото Кралство пропаднаа последните месеци, принудувајќи повеќе од 2 милиони клиенти да ги сменат добавувачите. Пред кризата, имаше повеќе од 50 независни мали и средни добавувачи во Британија со околу 30 отсто удел на пазарот.

Постои значителен ризик да се види дека пазарот се намалува на пет до шест компании, рече Андерсон за Фајненшл тајмс.

Scottish Power е петтиот по големина британски снабдувач на енергија, држи околу осум отсто од домашниот пазар за снабдување со гас.

Очекуваме уште најмалку 20 добавувачи да банкротираат во следниот месец. Сега ќе почнеме да гледаме како некои релативно добро управувани, комерцијално здрави компании банкротираат бидејќи едноставно не можат да ја префрлат цената на производот на клиентите, изјави Андерсон за Скај.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!