Вие имате прво да ја знаете вистината

Се случи голем проблем: “Падна” Американ Експрес ! Американците се држат за глава, не можат да ги користат своите кредитни картички

Илјадници корисници во Соединетите Држави пријавиле дека системот за картички American Express не работи, покажуваат податоците на веб-страницата Downdetector. Според картата на пријавени проблеми на страницата, најголем број поплаки за услугата има на североистокот на земјата, особено во Њујорк, Лос Анџелес, други делови на Калифорнија, Атланта и Џорџија.

Повеќето Американци кои имаат проблеми со American Express тврдат дека не можат да ги користат своите кредитни картички, што е околу 76 отсто од вкупниот број поплаки, пренесува Sputnik International. Вториот најчест проблем е поддршката за корисници, која не работи за околу 18 отсто од корисниците.

Интересно е што проблеми во моментов пријавуваат клиенти на други големи платежни системи, како што се Visa и MasterCard, меѓутоа, бројот на пријавени проблеми е прилично мал во споредба со исчезнувањето на American Express, а проблемите се наводно од привремен карактер. Проблемите во системот беа забележани во текот на денот, но тие не беа толку распространети како што се сега.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!