Вие имате прво да ја знаете вистината

Силно невреме “корнеше” дрвја и куќи во Европа, во Полска има четири жртви (видео)

Силно невреме денеска зафати повеќе делови од Европа, а четири лица ги загубија животите во Полска.

Според извештаите на полските медиуми, најтешко погоденото подрачје е западниот град Вроцлав.

Невремето собори дрвја и предизвика значителна штета, а сообраќајот беше во прекин во некои делови на Полска.

Освен во Полска, невремето ги зафати и француските региони Бретања и Нормандија, каде оштети неколку куќи и предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија за речиси четвртина милион домаќинства.

Невремето ги зафати и Германија, Холандија и Белгија, каде оштети покриви на многу згради, вклучително и дел од стадионот во белгискиот град Антверпен, пренесе АП.

Локалните медиуми објавија дека четири лица се повредени во холандскиот град Барендрехт.

Во Берлин две зоолошки градини се затворени поради прогнозираниот бурен ветер, а животните се преместени во затворени засолништа.

Невремето погоди и делови од јужна Англија каде што беа издадени предупредувања за поплави поради обилните врнежи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!