Вие имате прво да ја знаете вистината

Нов начин да се возите во Москва: Само ќе погледнете во камерата и добивате билет за влез во метрото

Погледнете ја камерата и вратата ви се отвора. Патувањето со московското метро сега е полесно од било кога досега- барем за оние кои аплицирале да платат билет користејќи препознавање на лицето.

Со апликацијата MosMetro, корисниците сега можат да се регистрираат за овa бесконтактно плаќање со помош на фотографија и банкарска картичка. Над 25.000 луѓе веќе го искористија првиот ден, објави државната транспортна компанија во главниот град на Русија. Ги надминавме сите очекувања, изјави Максим Ликсутов, заменик градоначалник задолжен за транспорт.

Контроверзната технологија е тестирана од почетокот на годината. За да влезат во метрото, патниците не мора да имаат картичка или паметен телефон – само погледнете ја камерата на влезот, објасни Ликсутов.

Системот сега работи на повеќе од 240 метро станици во најголемата европска метропола. Тој очекува дека начинот на плаќање, наречен Face Pay, ќе го користат 10 до 15 отсто од патниците во следните две до три години. Безбеден е и може да се користи дури и при носење маски за лице, уверуваат надлежните. Независната организација Роскомсвобода, пак, предупреди дека тврдењата за безбедноста на системот се прилично сомнителни, а личните податоци може да завршат во рацете на безбедносните служби.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!