Вие имате прво да ја знаете вистината

Јапонската принцеза помина низ пекол поради својата љубов, а денес за последен пат слави роденден како дел на кралското семејство

Јапонската принцеза Мако денес го прославува својот 30-ти роденден, последен пат како член на кралското семејство, пред да се омажи за својот избраник следната недела и да стане обичен граѓанин.

Јапонската принцеза Мако , внука на јапонскиот император, следната недела ќе се омажи за Кеи Комур. Три пати одложената венчавка ќе се одржи без царска церемонија но по низа скандали, а принцезата се откажа и од додатокот за свадба од 1,3 милиони долари. Двајцата 30-годишници ќе живеат во САД, каде Комуро работи во адвокатска канцеларија.

Принцезата Мако помина низ пеколот за да се избори за својата љубов. Традиционалните Јапонци не можеле да прифатат лице без сина крв да влезе во кралското семејство, тие морале да го одложат бракот за три години, а поради конфликт со околината, на принцезата и бил дијагностициран ПТСП, посттраумно стресно нарушување.

Мако и Кеи се запознале во 2012 година како студенти на Меѓународниот христијански универзитет во Токио, каде што Мако студирала историја на уметност. Пет години подоцна кралското семејство објави дека се во врска. Свадбата ја најавија една година подоцна, закажана за во ноември 2018. Сепак, венчавката беше одложена, со официјално образложение дека на парот им треба повеќе време за да се договорат за свадбата и да се подготват за брачниот живот.

Свадбата беше одложена поради обвинувањата на поранешниот вереник на мајката на Комуро: тој тврдеше дека мајката и синот на Комуро му должат 35.000 долари. Медиумите нашироко ја раширија оваа вест. Комуро објасни дека парите ги добиле како подарок, а не ги позајмиле. Таткото на принцезата, принцот Акишино, рече дека венчавката е невозможна додека не се реши финансискиот проблем. Во ноември 2020 година, принцезата Мако излегува во јавноста со порака дека таа и Комуро веруваат дека бракот им е неопходен, но нејзиниот татко повторно предупредува дека финансискиот проблем мора да се реши. Во април оваа година, Комуро излезе во јавноста со изјава напишана на 24 страници, во која изјави дека ќе ја плати спогодба со поранешниот вереник на неговата мајка.

Во септември 2018 година, Комуро замина во САД да студира право на Универзитетот Фордам, а во септември 2021 година се врати во Јапонија, но со врзана коса во опавче, што повторно предизвика скандал. Како се осмелува да му го стори тоа на царското семејство, таблоидите го буквално „распнаа на крст“. Неколку недели подоцна, кога отишол да ги посети родителите на својата вереница, опашката веќе ја немаше.

Комуро дипломираше на правен факултет во мај и почнал да работи во адвокатска канцеларија во Њујорк. Младиот пар објави дека ќе живее заедно во САД.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!