Вие имате прво да ја знаете вистината

Мишо Ковач е хоспитализиран, фановите загрижени

Пејачот Мишо Ковач е хоспитализиран поради респираторни проблеми и се наоѓа на Одделот за белодробни заболувања во Клиничкиот болнички центар Сплит, пишуваат хрватските медиуми.

Пејачот е во стабилна и добро се опоравува. За неколку дена ќе биде пуштен на домашно лекување. Мишо имаше респираторни проблеми кои не беа предизвикани од коронавирусот.

Ова не е првпат да заврши во болница поради ова. Пред две години тој беше лекуван во специјалната болница за белодробни заболувања во Загреб, каде закрепнуваше од тешката белодробна инфекција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!