Вие имате прво да ја знаете вистината

Откриени потресни детали за смртта на фудбалската легенда: Не беше вакциниран и не сакаше да оди во болница

Легендарниот југословенски голман Драган Пантелиќ почина во средата на 70-годишна возраст. Неговиот живот го згасна коронавирусот, поточно последиците од вирусот. Балканските медиуми пишуваат дека Пантелиќ не примил ниту една доза вакцина против овој опасен вирус.

Тој почна да кашла на почетокот на овој месец и беше примен на лекар на 6 октомври каде беше утврдено дека е позитивен на коронавирус. Поради возраста и состојбата во која пристигнал, лекарите му препорачале да остане во болница, но славниот голман одбил да го стори тоа.

После една недела состојбата драстично му се влошила, па повторно се јавил на лекар, кој веднаш го испратил на лекување во болницата за ковид, пет дена бил на одделението за ковид каде бил приклучен на кислородна подршка, а потоа завршил на интензивна нега, бидејќи состојбата му се многу влошила.

Тој беше примен на интензивна нега со сериозни проблеми на белите дробови и дишењето, а исто така беше приклучен и на респиратор, но и покрај напорите на лекарите и медицинскиот персонал да го одржат во живот, неговото срце засекогаш застана во средата во 7:15 часот наутро.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!