Вие имате прво да ја знаете вистината

Се тресе Балканот: Ердоган го прогласи американскиот амбасадор во Турција за персона нон грата. Руски рулет на султанот

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган му нареди на министерот за надворешни работи да прогласи за персона нон грата 10 амбасадори, вклучително и амбасадорите од САД, Германија и Франција.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека му наредил на Министерството за надворешни работи да прогласи десет амбасадори за непожелни.

Тој рече дека причина за оваа одлука е нивниот повик за ослободување на филантропот Осман Кавала.

Зарем вие треба да и делите лекции со Турција, изјави Ердоган и додаде дека турското судство е независно.

Турските власти во вторникот ги повикаа амбасадорите на десетте земји, оценувајќи го како неприфатлив нивниот повик за ослободување на Кавала.

Министерството за надворешни работи ги повика на разговор амбасадорите поради „неодговорно“ соопштение во кое тие повикаа на правично и брзо решавање на случајот Кавала.

Во 2013 година, властите го обвинија Кавала (64), позната личност од граѓанското општество, дека сака да ја дестабилизира државата.

Кавала ги поддржа антивладините протести таа година. Тој потоа беше обвинет во 2016 година дека се обидел да ја собори владата за време на неуспешниот пуч. Тој е во затвор од крајот на 2017 година.

Кавала четири години е во затвор без осудителна пресуда и покрај тоа што Европскиот суд за човекови права побара негово ослободување.

Тој во 2020 година беше ослободен од обвиненијата поврзани со протестите организирани низ целата земја во 2013 година, но пресудата беше поништена оваа година и комбинирана со обвиненија во друг случај поврзан со обидот за државен удар во 2016 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!