Вие имате прво да ја знаете вистината

Спектакл во најава Тајсон Фјури доаѓа во Србија! Во Белград ќе биде баш жешко во рингот

Светскиот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури доаѓа во Белград на Светското првенство во бокс, пренесува хрватски Вечерњи лист.

Светското првенство ќе се одржи од 24 октомври до 6 ноември во главниот град на Србија.

Британецот неодамна ја одбрани титулата светски шампион на ВБЦ, победувајќи го Дионте Вајлдер со нокаут во 11-та рунда, нанесувајќи му го третиот последователен пораз на Американецот во меѓусебните мечеви.

Освен Фјури, во српската престолнина треба да дојде и Украинецот Олександр Усик, одличниот боксер кој на крајот на септември го победи Британецот Ентони Џошуа и со тоа презеде четири појаси (VBA, IBF, VBO, IBO) во тешка категорија. .

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!