Видеото е објавено на TikTok и веќе има огромен број прегледи
Неверојатна снимка кружи на TikTok, и покажува дека на Балканот се е можно. На видеото се гледа како во комбето се наоѓа автомобил.
Комбето има регистарски таблички од Јагодина, додека регистарските таблички се отстранети од автомобилот.
И како целата оваа ситуација да не е доволно бизарна, уште еден детал привлекува внимание, автомобилот не е ни врзан. Се чини дека тој е само набутан во комбето, и дека може да се лизне во секој момент, и да направи каромбол.
Со придружна музика и коментар дека ова постои само на Балканот, снимката е објавена на Тикток и веќе има огромен број прегледи.