Вие имате прво да ја знаете вистината

БАНАНАТА ЗА ПОЈАДОК Е НАЈЛОШИОТ ИЗБОР: Еве зошто!

Познато е дека доручекот е најважен оброк, со него го започнуваме денот и поради тоа не треба да го пропуштаме. Освен тоа важно е и што јадеме.

Иако бананата е омилен избор за многумина бидејќи е слатка, хранлива и одлично оди како додаток на житариците и овесните снегулки, нутриционистите сепак сметаат дека ова жолто тропско овошје не е најдобриот избор кога е во прашање појадокот.

Тие посочуваат дека бананите не се особено добри ако се јадат сами како прв оброк, бидејќи содржат дури 25 проценти шеќер и припаѓаат на умерено кисела храна.

Нутриционистите советуваат денот да го започнете со појадок кој согорува масти, но и кој ќе ви даде доволно енергија и кој ќе ве засити до следниот оброк. Бананите навистина даваат енергија, но на краток рок, бидејќи повторно ќе почнете да се чувствувате уморни и гладни. Тие се подобар избор за ужина отколку за оброк, бидејќи сами по себе не се доволни за да го започнете денот сити и полни со енергија.

Бананите припаѓаат на групата кисела храна, објаснуваат нутриционистите и уверуваат дека киселината треба да се неутрализира за да се извлече најдоброто од бананите – калиум, влакна и магнезиум, а не шеќер, што предизвикува само краток излив на енергија.

Нивниот совет е да ги комбинирате бананите со храна полна со здрави масти како авокадо или зачини.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!