Вие имате прво да ја знаете вистината

Фараонот и Ливерпул дадоа пет “комада” и го прегазија очајниот Манчестер на Олд Трафорд (фото)

Ливерпул целосно го декласираше Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд, во деветтото коло од Премиер лигата, во најголемото англиско дерби, и победи со 5:0.

Избраниците на Клоп влегоа одлично во мечот и во петтата минута поведоа со голот на Наби Кеита, кој се најде во чиста шанса со помош на Салах. Диого Жота зголеми на 2:0 во 13. минута по нафрлањето на Александар-Арнолд и збунетост во одбраната на Јунајтед.

Мохамед Салах го постигна својот прв гол на натпреварот во 38. минута на додавање на Кеита, а во петтата минута од продолжението на првото полувреме фараонот погоди за 4:0.

Тоа беше прв пат Јунајтед да прими четири гола во првото полувреме од натпреварот во Премиер лигата.


Ливерпул продолжи со исто темпо и во второто полувреме и во 50-та минута Салах ја претвори одличната асистенција на Хендерсон во хет-трик гол. Тоа беше негов 10-ти гол во Премиершип оваа сезона и тој моментално е веројатно најдобар стрелец во лигата.

Тој стана и првиот играч на Ливерпул што постигнал гол во три последователни гостувања против Јунајтед и најдобар африкански стрелец во историјата на Премиершип. До овој натпревар беше изедначен со Дидие Дрогба со 104 гола, а со хет-трикот се искачи на 107 гола.

Дополнителни проблеми за Јунајтед дојдоа во 60. минута кога Погба доби црвен картон поради опасниот старт врз Кеита. Иако судијата Тејлор прво му даде жолт картон, по кратката ревизија на ВАР снимката се премисли. Сепак, од тој момент Ливерпул го намали темпото и повеќе немаше голови.

Победата на Ливерпул можеше ќе беше и поголема, но ова е најголемата победа досега на Олд Трафорд и само трет пат во историјата да го победи најголемиот ривал со најмалку пет гола разлика. Беше 7:1 во Ливерпул во 1895 година и 5:0 во 1925 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!