Вие имате прво да ја знаете вистината

Косовските безбедносни сили купуваат хеликоптери, дали на мала врата прават своја армија?

Полковникот и првиот офицер на косовските безбедносни сили КБС, Сефер Исуфи, изјави дека е во план проектот за набавка на хеликоптери за Косовските безбедносни сили.

Тој за ТВ Клан Косово рече дека е во почетна фаза купувањето мултифункционални хеликоптери, пренесува Газета експрес.

Исуфи изјави дека КБС ќе има одбранбени системи, борбени системи, системи за борбена поддршка и системи за одбранбена служба.

Косово нема право на своја армија, но парламентот во Приштина во декември 2018 година, без присуство на пратеници од Српската листа, спротивно на косовскиот устав и сите меѓународни акти, усвоен три закони за трансформирање на КБС во војска на Косово.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!