Вие имате прво да ја знаете вистината

Шок приказна на НБА легендата, вака “списка” еден милион долари за еден ден, денес е милионер

Шекил О’Нил е еден од најдобрите играчи во историјата на НБА лигата, но и една од најпаметните ѕвезди во НБА лигата кои знаеле како да менаџираат со парите кои ги заработуваат.

Тој во својата кариера има одлучено да ги троши само парите од месечната плата, а милионите кои ги добива од спонзорските договори ги чуваше и штедеше на страна. Сепак, кога Шек ги доби своите први заработени пари од кошарката, еден милион долари на основа на спонзорски договор на денот на драфтувањето, веднаш сите ги потроши!

Кога си млад не знаеш многу за бизнисот, две работи забораваш, а тоа се провизијата и данокот. На тоа не мислев, но на крајот добив некој си 600,000 долари од тој договор, вака ја започнува својата приказна легендарниот Шек. Тој не мислеше за цената, едноставно само сакаше да троши.

Веднаш купив автомобил од 150,000 долари, без никакви преговори, без ништо. Тој човек можеше да ми каже дека автомобилот чини и 200,000 долари или 250,000 долари, а јас не би знаел ништо околу тоа. Купив црн мерцедес со убави бандажи, бидејќи од секогаш сонував за таков автомобил. Кога пристигнав дома татко ми ми кажа: Ова е убаво, но каде е мојот автомобил!? Седнавме во автомобилот и отидовме во салонот и купивме уште еден, така веднаш беа потрошени 300,000 долари, вели тој.

Се вративне дома и мојата мајка кажа: Ова е убаво, но јас не сакам голем автомобил, сакам мал. Знаев дека ќе добијам уште пари и сакав да го исполнам сонот на мојте родители. Купив автомобил и за својата мајка, и тоа е веќе 500,000 долари. Морам да купам одело за денот на драфтот, како и накит, а морав да имам мобилен телефон, вели Шек. Тој по овој луксуз влезе во сериозен минус на неговите банкарски сметки.

По некое време ми ѕвонеше човек од банката, мој пријател и ме праша дали сум го читал банкарскиот извештај. Го погледнав и видов дека сум 80,000 долари во минус. Ми беше многу срам, а тој ми кажа дека знае дека ќе добијам уште пари и дека тој минус ќе го стави на страна. Банкарот ми кажа: Сине те гледав овде како играше кошарка во средното училиште, ти си паметен млад човек, не сакам да завршиш како останатите спортисти. Во тој момент Шек сфаќа дека му треба финансиски советник до него, а мудро го избира и до ден денес тој има милиони на сметките.

Тогаш сфатив дека ми треба финансиски советник. Разговарав со многу луѓе и се сетив на тоа што старите ми го зборуваа, ако звучи премногу добро немој тоа да го правиш. Тогаш во мојот живот запознав еден паметен Евреин кој ми кажа дека ќе формира компанија со мое име, а таа идеа веќе ми се допаѓаше, ја завршува својата сторија Шекил О’нил.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!