Вие имате прво да ја знаете вистината

Ердоган се закани дека ќе купи сухои од Русија, па му одобрија набавка на нови авиони Ф-16 од Америка!

Од Брисел, министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар изјави како започнале техничките подготовки околу набавката за Ф-16 авионите од Соединетите држави.

Акар одговори на прашањето поставено од страна на новинар по заврашувањето на состанокот на министрите за одбрана на државите членки на НАТО во Брисел, известува Агенцијата Анадолија. Во таа прилика е прашан за турската набавка на Ф-16 авионите од САД.

Наша е должност да ги заштитиме нашите 84 милиони жители, нашата држава од 780.000 квадратни километри, како и нашите права и закони. Како ? Ние тоа ќе го направиме со нашата војска. Што значи војска? Луѓе и опрема. Се обидуваме тоа да го исполниме. Се обидуваме да ја опремиме нашата војска на најдобар можен начин, изјави министерот на одбрана на Турција, Акар.

Потенцираше дека целиот процес е под ингеренции на претседателот Реџеп Тајп Ердоган и дека процентот на домашното производство во одбранбената индустрија на Турција  е приближно до 80 отсто.

Во можност сме да задоволиме многу наши потреби за домашно производство. Освен тоа имаме и други потреби, кои исто така мораат да бидат задоволени, додаде Акар.

Неодамна шефот на дирекцијата за одбранбена индустрија на Турција, Исмаил Демир изјави дека Турција доколку САД не го одобри договорот за F-16 авионите ќе купи руски авиони SU-35 и SU-57.

Доколку САД не го одобри договорот за F-16, по ситуацијата со F-35, Турција ќе нема друг избор освен да го отвори прашањето за SU-35 и SU-57 кое може да зпочне во секој момент, изјави Демир.

Во таа смисла, мораме да ги обновиме F-16 кои веќе ги имаме. Започнаа техничките работи за набавка на Block 70 Viper F-16 од нашиот сојузник и пријател САД, ама исто и за модернизација на некои од нашите авиони кои веќе ги имаме. Го следиме процесот. Зајакнувањето на Турција значи и зајакнување на НАТО, порача министерот за одбрана, Акар.

Треба да напомениме дека Акар во седиштето на НАТО оствари средба и со грчкиот министер за одбрана.

Имавме позитивен и конструктивен сосранок со грчкиот министер за одбрана. Очекуваме дека во наредниот период ќе ги видеме и позитивните резлутати на овој состанок, оцени Акар.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!