Вие имате прво да ја знаете вистината

Германски турист пронашол изгубена кредитна картичка на Харисон Форд – погледнете што направил со неа

Познатиот актер Харисон Форд ја изгубил кредитната картичка во летувалиште во близина на Палермо на Сицилија, но му била вратена благодарение на германски турист, соопшти денеска локалната полиција.

Туристот ја нашол картичката и ја донел во локалната полициска станица во летното одморалиште Мондело, објави АП.

Полицијата го пронашла Харисон Форд и му ја вратила картичката, а не е познато дали славниот актер воопшто забележал дека останал без кредитна картичка.

https://www.instagram.com/p/COLcOGwMMuq/

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!