Вие имате прво да ја знаете вистината

Ѓоковиќ е посилен од короната, британска докторка откри: Новак го прележал вирусот и има најдобар имунитет

Горливата тема на тенискиот свет во претходните денови е првиот Грен слем сезонава и дали невакцинираните играчи ќе можат да играат на него во јануари следната година. На оваа тема зборуваше и Рене Хендеркамп, познат британски лекар, која застана на страната на српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ.

На Твитер ја следат 40.000 луѓе, а активна е и во медиумите бидејќи има авторска емисија на Би-Би-Си Радио Лондон.

Слушнав дека Новак ќе го пропушти Австралија опен бидејќи одбива да ја прими вакцината. Тој е физички подготвен спортист кој има прележано коронавирус и има најдобар можен имунитет. Неговото право е да ја донесе оваа одлука, како што треба да биде право на секое човечко суштество. Јас сум против задолжителна вакцинација, напиша Хендеркамп и предизвика реакција кај корисниците на социјалните мрежи.

Нејзината ваква изјава предизвика лавина од коментари. Некои ја напаѓаат дека е против вакцинација, а фановите на Новак ја поддржаа изјавата, истакнувајќи дека Ѓоковиќ не сака таа информација да биде објавена.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!