Вие имате прво да ја знаете вистината

Нов свиркач, нови напади против Фејсбук, тоа се лажни вести обвинува компанијата

Уште еден свиркач излезе со нови обвиненија против Фејсбук!

Таа истакна дека Фејсбук често и намерно ја лаже јавноста за тоа што е ново откриено во нивното внатрешно истражување кога станува збор за безбедноста на децата и тинејџерите на нивните социјални платформи.

По појавувањето во јавност на свиркачот Френсис Хојген (Хауген) на почетокот на овој месец, следуваше уште едно лице кое излезе со низа обвинувања против Фејсбук.

Вашингтон пост прв ги објави новите обвинувања, тврдејќи дека се работи за поранешен работник во секторот за  интегритетот на работењето на компанијата. Овој нов свиркач упатува на слични тврдења исто како Хојген, па вели дека за Фејсбук на прво место е профитот, а потоа борба против говорот на омраза и дезинформациите кои секојдневно кружат.

Во изјавата на критичарот, тој тврди дека има голема разлика помеѓу јавниот настап на Фејсбук и внатрешниот начин на донесување одлуки и ставови. Тој тврди дека проектот Internet.org, кој требаше да помогне во поврзувањето на луѓето во државите во развој, имал сосема друга цел од тоа што беше преставено пред јавноста. Гласноговорникот тврди дека тие всушност сакале да станат единствениот информатор за вести, за да може компанијата полесно да ги ископува податоците за клиентите на досега неискористените пазари.

Компанијата за Вашингтон пост изјави дека „опасен преседан е да се напише приказна со многу различни обвинувања од само една гледна точка“.

Во соопштението на компанијата, кое не е потпишано од ниту едно лице, се тврди дека нивниот напис е под сите нивоа и очекувањата за работата на Вашингтон пост и дека суштината на приказната е тврдењето кое е целосно неточно.

Да, ние сме бизнис и имаме профит, но тврдењето дека тоа го правиме на штета на нашите корисници е лажно, се тврди во соопштение кое беше испратено до весникот.

Многу од обвинувањата за кои пишува Вашингтон Пост одговараат на оние што ги изнесе Франсис во име на компанијата. Таа, исто така, е поранешен вработен во Фејсбук, која на на Волстрит журнал му предаде серија документи кои ја потврдуваат автентичноста на нејзините изјави, а WSJ произведе исцрпна серија извештаи.

Таа потоа сведочеше пред Конгресот, велејќи дека Фејсбук често и намерно ја лажел јавноста за она што нивното внатрешно истражување го открило кога станува збор за безбедноста на децата и тинејџерите на нивните платформи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!