Вие имате прво да ја знаете вистината

Патријархот Вартоломеј итно е префрлен во болница, му се слошило во Америка

Вселенскиот патријарх Вартоломеј бил префрлен во болница откако му се слошило непосредно пред да замине на богослужба во црквата Света Софија во Вашингтон.

Според Катимерини, на патријархот му се слошило поради долгиот лет и големиот број обврски што ги имал при пристигнувањето во Соединетите држави.

Лекарот го советувал да мирува и како мерка на претпазливост бил префрлен на надзор во Универзитетската болница Џорџ Вашингтон, пишува Катимерини.

Патријархот Вартоломеј по пауза од 12 години е повторно во посета на САД.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!