Вие имате прво да ја знаете вистината

Исплива фотографија од младоста на Фјури со сопругата, никој не може да го познае, на првиот состанок ја носел на филмот Кинг Конг (фото)

Британецот Тајсон Фјури овој месец ја одбрани титулата во WBC победувајќи го Американецот Деонтеј Вајлдер и оттогаш е на сите насловни страници на сите светски медиуми.

И покрај тоа, Џипси Кинг, како го нарекуваат медиумите, не престанува да ги радува фановите надвор од рингот, бидејќи во петокот предизвика многу позитивни реакции честитајќи му го роденденот на Вајлдер преку социјалните мрежи.

Само еден ден подоцна, британскиот боксер повторно стигна до епицентарот на вниманието, поради фотографијата која ја објави неговата сопруга Парис Фјури.

Парис сподели фотографија од тоа како изгледале таа и Тајсон, кога шампионот имал само 17 години, а фотографијата брзо станала вирална, бидејќи никој не можеше да поверува дека на неа е славниот боксер.

Она што е впечатливо на фотографијата е дека Фјури имаше долга коса, а неговата сопруга исто така објасни како тие двајца се запознале.

https://www.instagram.com/p/CVU9XuYIxxD/?utm_source=ig_web_copy_link

Се запознавме на мојот 16-ти роденден. Не можев да верувам дека е само една година постар од мене. Мислев дека има 25 години. Веднаш се заљубив во него, бидејќи тој се разликуваше од другите. Не се согласив веднаш да излезам со него, иако тој ми се јави. Тој беше моето прво момче. На нашето прво излегување бевме во кино и го гледавме филмот Кинг Конг. Подоцна им рекол на родителите дека ќе се ожени со мене. Гледајќи ги овие стари фотографии, јасно ми е дека не можев ни да сонувам дека се ќе изгледа вака. Од нашиот прв бакнеж  – стоеше во описот на сликата на Парис на својот инстаграм профил.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!