Вие имате прво да ја знаете вистината

Американците со осуда за синот на Трамп: Тој со остра порака за холивудскиот актер

Доналд Трамп Јуниор, синот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во последните денови беше мета на јавна осуда поради продажбата на маици на кои пишува Пиштолите не убиваат луѓе, Алек Болдвин убива луѓе.

Трамп Јуниор продава маици на својата веб-страница за 27,99 долари, а можно е да се купат во неколку различни бои. Станува збор за класична маица со кратки ракави со бел текст со која е именуван славниот холивудски актер поради трагедијата што се случи неодамна за време на снимањето на Rust.

И покрај бројните осуди, синот на поранешниот американски претседател дополнително не ја коментираше продажбата на маички и не ги отстрани од својата страница.

Да потсетиме, Болдвин на 22 октомври на сетот на филмот Rust случајно ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза. Понатамошната истрага утврдила дека во пиштолот наместо ќорци имало вистински куршуми, а за несреќата е одговорен Дејв Холс, кој не го почитувал безбедносниот протокол.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!