Вие имате прво да ја знаете вистината

Беше една од најсексапилните жени на светот, а потоа наеднаш се здебели: Фановите го критикуваат нејзиниот нов изглед, но таа е среќна

Изгледа дека на Кели Брук не и пречи и секогаш им позира на фотографите со насмевка на лицето, горда на своето тело кое сака да го покажува во костим за капење. Сепак, оваа промена не им се допаѓа на нејзините обожаватели кои често и пишуваат за тоа како изгледала подобро и како треба да работи на себе.

Кога ја започна својата кариера како модел и водителка, Кели Брук беше значително послаба и магазинот FHM ја прогласи за најсекси жена на светот, но во текот на овие девет години откако е во светот на шоубизот, Кели многу се здебели..

Кели ретко одговара на прозивките. Фотографите повторно ја уловија на пат на работа, а сега е особено среќна бидејќи добила нова можност. Имено, ќе ја води утринската емисија на Heart radio.

Таа одеше на работа во типична лежерна комбинација, облечена во предимензионирано сако, блуза и фармерки мом џинс . Целата комбинација ја подигнаа црни чевли и чанта, но и ремен со сребрено копче.

Поранешната манекенка неодамна проговори и за тоа како се чувствува кога станала мета на хејтери на интернет бидејќи повеќе не изгледа како што изгледала кога имала 20 години.

Ме гледаат како дебела девојка во моите 40-ти и не ме прифаќаат како таква. Мене ми е смешно. Луѓето растат, стануваат поголеми, се менуваат, тоа се случува постојано, рече Брук. Кели ги прегрна своите облини и килограми, но и призна дека се ја мрзело и се опуштила, што резултирало со вишок килограми. Сепак, на наговор на нејзиното момче Џереми Париси, таа реши да ослабне неколку килограми.

https://www.instagram.com/p/CI7tR97ny6P/

Откако сите ме предупредија за прекумерната тежина, почнав сериозно да размислувам што можам да направам во врска со тоа, рече таа и додаде: Се ме мрзеше и се опуштив. Рече дека нејзините слаби фази се главно резултат на депресивни фази во кои таа не беше задоволна со животот и се чувствуваше подобро со прекумерната тежина. Таа не сакаше да изгуби многу килограми бидејќи целта и беше да ги задржи облините кои често гордо ги покажува.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!