Вие имате прво да ја знаете вистината

Бугарските експерти во паника: Ќе експлодираме. Борисов предупредува, до изборите сто илјади луѓе ќе бидат во карантин

Бугарија руши црни рекорди. Од почетокот на четвртиот бран на пандемијата, денеска бил забележан најголем број новозаразени во државата, како и најголем број починати во последните 24 часа.

Вчера имало 5863 нови случаи на коронавирус или 11,3 отсто од направените 51.688 тестови биле позитивни. Починале 243 лица, а над 96 отсто од нив биле невакцинирани.

Точно 1379 заразени се новодојдени на лекување во болниците. Вкупниот број на хоспитализирани е веќе 7.128 лица.

Професорот Никола Витанов нагласи дека реалната бројка на новозаболени е 9.000 дневно, бидејќи една третина од случаите не се регистрирани .

Тој проценува дека 2,7 милиони луѓе (35 отсто) имаат некаква одбрана од вирусот. И тој е дециден дека Бугарија е далеку од колективен имунитет, бидејќи само 35 отсто од Бугарите имаат некаков имунитет, кој, сепак, не е вечен. Математичарот истакна две опции за развој на пандемијата кај нашиот сосед – песимистичка и оптимистичка.

Едната опција е да се активираат мерки кои ќе бидат ефективни. Така ќе го поминеме врвот на пандемијата и по 10 дена ќе почнат полека да се намалуваат бројките и ќе имаме убав Божиќ. Песимистичката опција е долината на солзите во Британија кога бројките ќе скокнат до небо. Доколку се случи ова, нашиот здравствен систем ќе експлодира, предвидува проф. Николај Витанов.

Денеска имаме 70.000 ставени во карантин. Со ова темпо тие ќе бидат над 100.000 за време на изборите. Како ќе гласаат овие луѓе, рече екс премиерот и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!