Вие имате прво да ја знаете вистината

Холандија во голема климатска опасност: Се предвидува пораст на морето за еден метар, државата може да биде потопена!?

Експертите за климатски промени во понеделникот во Холандија најавија дека нивната земја во иднина ќе се соочи со сериозен пораст на нивото на морето за повеќе од еден метар, пренесува Асошиејтед прес.

За земја каде што една третина од површината е под нивото на морето, и која е заштитена од комплициран систем на брани и насипи, ова е сериозен проблем.

Кралскиот холандски метеоролошки институт наведува дека главната причина за порастот на нивото може да бидат обилните врнежи предизвикани од климатските промени. Обилните дождови во текот на летото предизвикаа големи поплави во јужната холандска провинција Лимбург, а истата силна летна бура предизвика десетици смртни случаи во соседните Германија и Белгија.

Холандскиот извештај беше објавен една недела пред годишната конференција на ОН за климатски промени во Глазгов. Самитот, кој ќе трае од 31 октомври до 12 ноември, сите го сметаат за една од клучните можности за конкретизирање на заложбите на владите за намалување на емисиите на стакленички гасови.

Зборувањето за климатските промени како нешто што го правиме за нашите деца подразбира итност, рече Стивен Вејенберг , холандски државен секретар за инфраструктура и вода.

Метеоролошкиот институт наведува дека доколку не се намалат емисиите на стакленички гасови, нивото на морето на холандскиот брег ќе се зголеми за 1,2 метри до 2100 година. Пред 7 години се сметаше дека нивото ќе се зголеми за 1 метар.

Но, ако арктичките глечери се стопат до 2100 година, тоа ниво ќе скокне на височина од 2 метри.

Прилагодувањето на екстремните временски услови и предвидувањето на покачувањето на нивото на морето треба да станат приоритети за нашата влада, рече Рожиер ван дер Санде , шеф на Здружението на холандскиот одбор за вода.

Четирите партии во моментов преговараат за формирање на следната холандска владејачка коалиција, а климатските промени се една од темите за кои разговараат.

Климатската криза е тука. Ова е црвен аларм и од нас зависи конечно да направиме нешто, рече Вејенберг.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!