Вие имате прво да ја знаете вистината

Кинезите прават автомобили кои можат да летаат како хеликоптери, ќе бидат први во светот (видео)

Сакале или не, Кина навистина произведува одлични автомобили, луксузни теренци, хибриди и електрични возила и може да продават летечки автомобил пред било кој друг.

Јужнокорејската компанија Hyundai проценува дека летечките автомобили ќе станат реалност пред крајот на деценијата, но кинескиот бренд Xpeng се обидува тоа да го направи уште порано.

Xpeng претстави летечки автомобил што ќе го лансира неговата подружница HT Aero, која се фокусира исклучиво на Urban Air Mobility (UAM) и досега има изведено повеќе од 15.000 тест летови со различни прототипови на летечки дронови и автомобили. Најновиот прототип сè уште нема име, но Xpeng очекува производството да започне најрано во 2024 година. Електричното возило има слични пропорции како и стандардниот автомобил, но има склопувачки пропелери кои можат да бидат скриени во телото кога автомобилот се движи по земја.

Но, концептот има и свои недостатоци. Како прво, пропелерите изгледаат тешки, а тоа нема позитивно да влијае на опсегот. Дури и ако се направени од лесен материјал како што е јаглеродот, проблемот во овој случај станува цената.

Тесла планира да има и летечки автомобил, а директорот на компанијата Илон Маск уште во 2019 година најави дека Roadset ќе може да лета. Оттогаш нема докази кои би ги потврдиле неговите тврдења, но едно е сигурно, која компанија и да биде прва дефинитивно ќе привлече големо внимание.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!