Вие имате прво да ја знаете вистината

МеГрегор ги збуни фановите со својата мускулна трансформација, тврди дека е 50 отсто посилен од предходно.

Ѕвездата на UFC, Конор МеГрегор за време на својата рехабилитициона програма акцентот го стави на вежбање во теретаната, а неговите фанови беа изненадени но и збунети по објавувањето на фотографии за трансформацијата на неговото тело на неговите профили на социјалните мрежи.

На неговата фотографија споделена на Инстаграм на која тој се потпира на неговиот автомобил додека носи елек и тесна блуза, очигледно се забележува неговата промена во пределот на градите и рацете.

https://www.instagram.com/p/CVWu2d7I1SO/?utm_source=ig_web_copy_link

Еден од неговите фанови на фотографијата во коментар го праша Ирецот, како оваа трансформација би му помогнала во понатамошниот тек на кариерата на што тој одговори:

За се има предности и недостатоци. Не можев да се движам последните три месеци, па затоа вежбав со тегови. Повторувам, играјте со каритете кои ви се на располагање. Мојата сила се зголеми над 50 отсто , одговори МеГрегор.

Сепак, некои не беа воодушевени од промената па имаат мислење дека тој претерал, но и дека во оваа форма тој не би можел да се натпреварува во рингот.

Овој човек никогаш не може да се занимава со ММА спортот. Погледнете колку е голем. Бокс!? Можеби, но никогаш повеќе во големиот кафез. Апсолутно не, стоеше во еден од коментарите на неговата објава.

Враќањето на МеГрегор во рингот би требало да се случи на пролет 2022 година по ужасната повреда во јули. Ирецот тогаш ја скрши својата лева нога во првата рунда во борбата против Поириеро во UFC 264, по што му беше кажано дека не ќе може да се натпреварува се до пролетта 2022 година, освен доколку не добие лекарско одобрение пред 7-ми јануари следната година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!