Вие имате прво да ја знаете вистината

Внуката на Тито, Светлана Броз: Во Република Српска на граѓаните им се дели оружје како во 1991 година, не мириса на добро

Светлана Броз, директор на невладината организација Гариво, изјави за Монитор дека оружјето им се дели на граѓаните во Република Српска како и во 1991 година и дека идеите за Голема Србија и Голема Хрватска, засновани на територијални претензии кон Босна и Херцеговина, се поживи од кога било.

Европа и светот без коментар го гледаа крвавиот распад на Југославија, освен светлите ликови како Александар Лангер, писател и пратеник во Европскиот парламент кој се самоуби во знак на протест против бескрупулозниот молк на Европа и нејзините институции. Прашање е само дали повторно ќе се молчи – вели таа.

На прашањето како изгледа Западен Балкан, Светлана Броз вели дека не е изненадена од моменталната ситуација.

Ми личи, како во повеќе наврати во последните три децении, како буре барут – што воопшто не е изненадувачки. Замислете Германија дека по Втората светска војна, нејзините сојузници да ја оставија Национал-социјалистичката партија и сите соработници на Хитлер на власт. Таа партија и денес е забранета со закон, а 23 од 24-те воени злосторници на кои им се судеше во Нирнберг се осудени на смрт. Овде се случи спротивното: по војните од 1995 до 1999 година, сите национални партии кои ги организираа војните и ги водеа, останаа на власт до денес. И судењата за воени злосторства траат речиси 30 години.

Се во име на човековите права на обвинетите, кои само во БиХ убиле повеќе од 100.000 граѓани и раселени 2,5 милиони. Идеолозите на овие злосторства денес најмногу владеат со Западен Балкан, како членови на најсилната организирана криминална мафија во Европа, избрани од исплашени граѓани, со благослов на истата ЕУ – вели меѓу другото Светлана Броз за Монитор.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!