Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали на Оле ќе му се случи истото сценарио како на Мурињо!? Солскјер бара обединување, играчите му го вртат грбот.

Се уште не се знае каква ќе биде тренерската судбина на Оле Гунар Солскјер на клупата на Манчестер Јунајтед. Фудбалскиот свет, или барем огромното мнозинство од нив, имаше впечаток дека судбината на норвешкиот стратег беше решена во неделата,  по страшниот пораз на домашен терен од Ливерпул во Премиер лигата со резлутат од 0:5, но од Олд Трафорд на ова прашање за одговор имаат само молк.

Но, англискиот Daily Mail не потсетува дека тоа беше случај и при отстранувањето на Жозе Мурињо од жешката клупа на Манчестер. Така беше кажано и за него, дека „посебниот“ ја има довербата на раководството, а потоа наеднаш протече веста дека ќе мора да го напушти „театарот на соништата“. Нешто слично се очекува и во оваа приказна, иако „црвените ѓаволи“ се соочуваат со повеќе од пеколен распоред во наредните недели.

Откако беа поразени од Ливерпул, во сабота ќе играат против Тотенхем исто така натпревар во рамките на англиската премиер лига. Потоа следува натпревар од Лигата на шампионите против секогаш незгодната Аталанта во Бергамо, а во пресрет на репрезентативната пауза на „Олд Трафорд“ ќе се соочат со граѓаните, односно Манчестер Сити, во градското дерби.

Англиските медиуми пренесуваат дека Солскјер ги предупредил играчите во соблекувалната по катастрофата против Ливерпул дека ваквиот пристап нема да се толерира и порачал дека сите играчи треба да се обединат околу исти цели како и со него како тренер. Сепак, многу извори укажуваат на тоа дека играчите почнале да му вртат грб.

Досега Солскјер секогаш ја имаше безрезервната поддршка од раководството, но случувањата од неделата на стадионот на Јунајтед даваат за право да се каже дека тоа можеби веќе нема да биде така. Солскјер овој понеделник беше виден во клупскиот камп каде се задржа околу три часа, за време на слободен ден кој им беше даден на сите играчи и членови на стручниот штаб по натпреварот со Ливерпул. Заедно со Солскјаер, на стадионот се појавија Рафаел Варан, Немања Матиќ и Фил Џонс.

Раководството на Јунајтед вечерва треба да се состане и да разговара за ситуацијата, а тоа што англиските медиуми го посочуваат како главен проблем е немањето искуство на Солскјер и речиси сите членови на неговиот тим. Во клубот постои оправдан страв дека Солскјер на Олд Трафорд не е способен да носи трофеи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!