Вие имате прво да ја знаете вистината

Шокатна исповест: Холандски психолог помогнал во самоубиството на повеќе од 100 луѓе!?

Вим ван Дијк вели дека сака да поттикне дебата за потпомогнато самоубиство и не му е грижа за можната затворска казна.

Еден холандски  психолог му рекол на новинарот дека им дал „прашеста материја за крај на животот“ на стотици луѓе на кои повеќе не им се живеело, и кажува дека сака да зборува за тоа, односно да води дебата за законите за умирање со помош во Холандија . Овој психолог вели дека не е загрижен дека би можел да заврши во затвор за своите постапки и инсистираше на тоа дека за ова прашање треба да се зборува.

Свесен сум за своите последиците од мојата приказна. Не ми е грижа, сакам социјалните немири да станат толку големи што судството не би можело да ги игнорира. Не ми е грижа дали ќе ме уапсат или затворат. Сакам да има некаква промена, пишува британскиот The Guardian.

Холандскиот закон предвидува дека само лекар може да им помогне на луѓето да умрат како одговор на „доброволно и добро осмислено барање“ во контекст на „неподносливо страдање од кое нема излез за подобрување или алтернативен лек“.

Ван Дијк е член на Laatste Wil Coöperatie, или по познато како Здружението на Последна волја, кое се залага за полиберално законодавство и нуди совети за луѓето кои сакаат да стават крај на својот живот. Обвинителите веќе ја истражуваат организацијата за наводите дека луѓето кои присуствувале на состаноците купиле смртоносна супстанција позната како Агент Х.

Полицијата во јули уапси 28-годишен маж од Ајндховен под сомнение дека продавал „апчиња за смрт“ на стотици луѓе. Обвинителите рекоа дека најмалку шест лица починале од дрога која наводно им ја дал тој, именуван само како Алекс С, кој исто така бил член на споменатото здружение.

На луѓето кои сакаат да ја задржат контролата над својот животот, внимателно им ги дадов средства, а тие сами ќе си одличат кога би сакале да ги конзумираат во иднина. Јас сум давател на услуги. Го дадов Агентот X на повеќе од 100 луѓе, стои во изјавата на Алекс С.

За помагање на самоубиство во Холандија е предвидена максимална затворска казна од три години. Претседателот на Coöperatie Laatse Wil, Јос ван Вијк, минатиот месец беше уапсен и задржан во притвор на еден ден под сомнение за вмешаност во криминална организација. Ван Дијк му рекол на Де Волкскрант дека се приклучил на здружението, кое е основано во 2013 година, откако неговата сопруга починала од деменција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!