Вие имате прво да ја знаете вистината

Ќерката на Анџелина Џоли изненади со својата промена! Порано сакаше да биде момче, а сега е вистинска убавица

Иако Анџелина Џоли беше главната ѕвезда на премиерата на филмот „The Eternals“ во Рим, вниманието го привлече и нејзината ќерка Шилох Џоли-Пит, која повторно се појави во женствено издание.

Очигледно, 15-годишната девојка реши да го остави зад себе својот детски стил и наместо тоа избира елегантни фустани во кои се прошетала на премиерите во Рим и Лос Анџелес.

Нејзиното женствено издание е особено привлечно, бидејќи таа самата не сакаше да биде девојче до пред некое време, како што потврди и нејзината мајка Џоли пред неколку години.

Џоли во 2010 година за Variety изјави дека нејзината ќерка сака да биде мало дете, откривајќи дека нејзината ќерка го преиспитува полот уште од својата тригодишна возраст.

И ја шишавме косата, ѝ купувавме облека за момчињата и таа се чувствува како дел од нејзините браќата, изјави Џоли тогаш.

Исто така, се пишуваше дека ќерката на поранешната брачна двојка, Анџелина Џоли и Бред Пит, земала хормони за да го промени својот пол, но тоа никогаш не е официјално потврдено.

Да потсетиме, на црвениот тепих во Рим, Џоли се прошета во металик сребрен фустан, без рамки, од модниот бренд Версаче, а Донатела Версаче во својата објава на Инстаграм напиша дека изгледа како божица. На црвениот тепих со Џоли беа ќерките Захара и Шилох. Захара носеше бел фустан со златен детаљ, додека Шилох блесна во краток црн фустан со кој перфектно комбинираа нејзините впечатливи патики.

https://www.instagram.com/p/CVbCHOotkt1/?utm_source=ig_web_copy_link

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!